Јас сум Маја.
Мојата приказна не почнува со коучинг.
Почнува со живот што ме натера да се променам одвнатре.
Како работам со тебе:
- Престануваш да одложуваш и почнуваш да завршуваш
- Градиш дисциплина што не зависи од расположение
- Учиш да носиш одлуки и да стоиш зад нив
- Поставуваш граници без вина
- Излегуваш од хаос и влегуваш во структура
- Почнуваш да се однесуваш како жена што си верува
Мојата приказна
Можеби мислиш дека денес имам сè средено.
Но ова патување не ми почна кога станав коуч. Мојата приказна почнува од кога бев жена што не знае што прави во животот.
Во 2018 бев заглавена. Работев работа што не ја сакав. Имав ниска самодоверба а за односи со
другите и граници да не ни зборувам…
Постојано чувствував дека мора да може подобро ама не го живеев тоа.
Животот ми се случуваше, а јас бев заглавена.
Во 2014 се роди Јоана.
На само два месеци го доби првиот епилептичен напад.
За да ѝ дадеме најдобра грижа, се преселивме во Германија и 6 години таа беше центарот на
мојот свет.
Во 2020та година ја изгубив. И тоа целосно ме скрши.
Ама не на начин како што луѓето мислат.
Бев преплавена со страв, вина и болка.
Не разбирав зошто ни се случува ова.
Сè додека не престанав да прашувам „зошто мене?“
и почнав да прашувам: „што можам да научам од ова?“
Таму почна мојата вистинска промена.
Почнав да учам.
Да работам на себе.
Да преземам одговорност за тоа како живеам, без разлика на околностите.
Тогаш работите станаа јасни.
Престанав да живеам во хаос и почнав да градам структура.
Повеќе не се водам од емоции туку почнав да се водам од стандарди.
И тогаш сфатив:
-> не можам да контролирам сè што ќе ми се случи
-> ама можам да контролирам како ќе живеам
Од таму дојде и мојата работа денес.
Им помагам на жени кои не се изгубени туку се заглавени помеѓу тоа што го знаат и тоа што (не) го прават.
Континуирано вложувам во себе и во тоа што го работам.
















Надвор од работата:
Многу читам.
Книгите ми се секојдневие.
Сакам да патувам, ама на Охрид најмногу му се враќам. Тој град, тоа езеро таму за мене е лековито.
Сакам луѓе и дружење.
Тоа ме полни.
И да, и јас работам на себе.
Имам свој бизнис коуч и мајндсет коуч.
Затоа што оваа работа не ја гледам како „професија“,
туку како процес во кој и јас сум внатре.
… Ако стигна до тука – веќе знаеш дали ова е за тебе.
Ако си спремна да работиш на себе,
следниот чекор е твој.
Остави контакт. Ќе ти пишам лично.